Скапото засилување на Манчестер јунајтед, Лени Јоро е забележан со патерици и со заштитна чизма на левата нога, се стравува дека повредата на дефанзивецот е посериознa.
„Ѓаволите“ пред две недели ја добија трансфер битката со Реал Мадрид за перспективниот Лени Јоро, и инвестираа преку 60 милиони евра за ангажман на перспективниот 18 годишен дефанзивец.
Но навивачите сега се загрижени откако Лено Јори е забележан на патерици и со заштитна чизма на левата нога.
Французинот се повреди на контролниот натпревар против Арсенал во САД и беше приморан да го напушти теренот по половина час игра.
Се очекува Ерик тен Хаг во следните денови да сподели повеќе детали, но се стравува дека повредата на Лени Јоро е посериозна.
Leny Yoro spotted leaving training on crutches and in a protective boot. [@rdeeb00] pic.twitter.com/6LuiivDTyW
— UtdPlug (@UtdPlug) July 31, 2024