Скапото засилување на Ливерпул стана „агент 008“

by 24 фудбал
1 минути читање

Флоријан Вирц за рекордни 125 милиони евра се пресели од Баер Леверкузен во Ливерпул, а само неколку месеци подоцна стана мета на жестоки критики во Англија.

Ливерпул успеа да го победи Реал Мадрид, Манчестер Сити и Баерн во трката за неговиот потпис и со тоа го направи петтиот најскап трансфер во историјата на фудбалот, зад Нејмар, Мбапе, Исак и Жоао Феликс. Очекувањата за 22-годишниот Вирц беа огромни, особено бидејќи во 197 настапи за Баер учествуваше во дури 122 гола, постигнувајќи 57 и асистирајќи за уште 65.

Но наместо да блесне, Вирц по првите три месеци во Англија се соочува со потсмев. Германецот одигра осум натпревари во Премиерлигата и Лигата на шампионите без ниту еден гол и без асистенција. По седум натпревари без учинок, на социјалните мрежи беше етикетиран како „агент 007“, а по бледото издание против Галатасарај во поразот од 1-0, веќе доби нов прекар „агент 008“.

Фановите на Ливерпул се надеваат дека оваа серија ќе заврши што е можно побрзо, бидејќи од играч вреден 125 милиони евра очекуваат вистинска магија, а не нула ефект.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×