Скапо реновирање ги кочи трансфер плановите на Дортмунд, потрошени 11 милиони за нови кујни!

by bojan
1 минути читање
Борусија Дортмунд морала да ги реновира сите кујни на стадионот

Како што пренесува Спорт Билд, Борусија Дортмунд ова лето инвестирала околу 11 милиони евра во реновирање на сите кујни на стадионот „Сигнал Идуна Парк“, па ова малку ги кочи трансфер плановите на „црно-жолтите“.

Борусија Дортмунд не е премногу активна на трансфер пазарот ова лето, до овој момент го купи само Џоб Белингем од Сандерленд во зделка вредна нешто над 30 милиони евра.

Исто така беа искористени опциите за перманентен трансфер на Јан Коуто и Даниел Свенсон, за вкупно потрошени околу 57 милиони евра.

Како што пренесува Билд, трансфер плановите се закочени поради други инвестиции и неочекуван трошок – биле потрошени 11 милиони евра за целосна обнова на кујните на стадионот „Сигнал Идуна Парк“.

Надградбата морала да се изврши откако контрола на пазарна инспекција оценила дека постојните капацитети се застарени.

Се шпекулира дека Борусија Дортмунд има уште 30-40 милиони евра за трошење, пари со кои се планира едно до две засилувања.

ФОТО: fb/Borussia Dortmund

Можно е и ова да ти се допаѓа

×