Скандалозни и жестоки обвинувања од клупската телевизија на Реал Мадрид: УЕФА изислува начини за да нѐ елиминира!

by Стефан
1 минути читање

Веројатно како никоја друга телевизија онаа на Реал Мадрид објавува скандалозни обвинувања без пардон кон Ла Лига, судиската организаицја, Барселона, УЕФА…

Денеска тема на телевизијата на „кралевите“ беше првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Од телевизијата на „кралевите“ објавија дека ја сметаат ждребката за наместена, а ќе потсетиме за противник тие го добија Реал Мадрид.

„Треба да видите какви работи измислува УЕФА секоја година за да го елиминира Реал. Шест титули за 10 години придонесоа злобата на Чеферин да порасне колку Гренланд. Треба да им се признае дека оваа година се покреативни, но ќе видиме“, напиша Алварез на Твитер, а многумина во ова видоа зборови кои Флорентино Перез не смее да ги каже, па ги користи своите новинари“, објавија клупската телевизија на шпанскиот гигант.

Реал Мадрид и Манчестер сити ќе се сретнат четврта година во низа во Лигата на шампионите, но сега најрано уште во плеј-офот за осминафинале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани