Скандалот му ја уништи кариерата, а сега францускиот фудбалер ослободен од обвиненијата за силување

by 24 фудбал
1 минути читање

Судската постапка против поранешниот француски репрезентативец Висам Бен Једер е поништена поради недостиг на докази, објави „АФП“, повикувајќи се на судски извори.

Обвинителната постапка, која беше отворена на 3 ноември 2025 година за силување и обид за силување, е затворена со образложение дека нема основа случајот да продолжи, и покрај препораките на обвинителството. Случајот се однесува на настан од летото 2023 година во Ница, кога Бен Једер и неговиот брат беа обвинети дека присилиле две девојки на сексуален однос. Тие негираа вина и тврдеа дека се било со заемна согласност.

Бен Једер во кариерата настапуваше за Монако, Тулуз и Севиља, а за француската репрезентација одигра 19 натпревари и постигна 3 гола. Во моментов е член на мароканскиот Видад Казабланка.

Во 2024 година Бен Једер практично заврши со сериозното играње фудбал. Потоа замина да игра во ирански Сепахан, турски Сакариаспор и сега настапува во Мароко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×