213
Фудбалскиот клуб Нови Пазар се пожали на инцидент во Полска, каде нивната делегација била нападната вечерта пред реваншот со Јагелонија во Конференциската лига.
Српскиот претставник тврди дека настанот се случил во средата по вечерата во Бјалисток, градот каде што денеска се игра возвратниот натпревар. Според нивната верзија, група маскирани лица со фантомки ги нападнале членовите на делегацијата.
Инцидентот е пријавен во полиција, а од клубот велат дека очекуваат реакција од надлежните органи.
Јагелонија има минимална предност од 2-1 по првиот меч одигран во Србија.