Скандал во Мексико пред Мундијалот: Фудбалерите во друштво на 30 проститутки

by
1 минути читање

Според информациите кои ги пренесе „TVNotas“, дури девет фудбалери од мексиканската репрезентација, поточно составот
кој ќе патува на Светското првенство во Русија идниот месец, имале забава со
десетици ескорт-девојки во еден ноќен клуб во Мексико Сити изминатата сабота по
победата над Шкотска со 1-0 во екот на подготовките за Мундијалот.

Магазинот објави
и фотографии каде се уловени репрезентативците на таа земја, кои се забавуваа со
речиси 30 проститутки, а генералниот секретар на мексиканската фудбалска
федерација истакна дека нема да има санкции за тоа, поради фактот што тие се
забавувале во слободно време.

Слободен ден е
слободен ден, тие не пропуштија ниту еден тренинг
“ рече Гиљермо Канту.

Покрај
фудбалерите кои беа дел од таа забава се најдоа и голманот Гиљермо Очоа, како и
напаѓачот на Бенфика, Раул Хименез, браќата од Лос Анџелес Галакси, Џонатан и
Џовани дос Сантош.

Тимот на Мексико
веќе е во Копенхаген каде во сабота ќе одигра контролен меч против Данска, пред
да замине за Русија каде
e во
рамките на групата „Ф“ заедно со Германија, Шведска и Јужна Кореја, а отвора со
светскиот првак Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани