Скандал во Косово: Коментатор го навреди премиерот пред италијанското дери – беше експресно заменет! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Јувентус и Интер вчера го одиграа дербито во Серија А, а внимание привлече ситуација од Косово каде што коментатор на преносот доби отказ.

Имено, косовскиот коментатор Андин Локај кој го работеше преносот пред почетокот на дуелот го навреди премиерот на Косово, Албин Курти.

„Се надевам дека нашиот премиер не гледа вечерва. Тој хајван (животно) е најлошиот премиер во историјата на човештвото“, гласеше коментарот на Локај во преносот.

За ваквиот испад телевизиската куќа во која работеше го замени уште на полувремето, но исто така е отворена и дисциплинска постапка противн него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×