Скандал во Италија: Експресно отворена постапка за купувањето на „Сан Сиро“, Марота бесен!

by Стефан
1 минути читање

Продажбата на легендарниот стадион „Сан Сиро“ на Интер и Милан за 197 милиони евра требаше да биде историски ден за италијанскиот фудбал, но славјето траеше кратко и истото беше прекинато само еден час по потпишувањето на договорот.

Како што објавија италијанските медуми обвинителството отворило истрага поради сомнеж за местенка при тендерската постапка, што предизвика бурни реакции од претседателот на Интер, Бепе Марота, и градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, кои го осудија „загрижувачкиот тајминг“ на целиот процес.

Први човек на Интер, Бепе Марота, не ја криеше својата фрустрација.

„Договорот беше потпишан напладне, а веќе по еден час беше отворена истрага. Ова е Италија“, изјави Марота, опишувајќи го договорот како „историски чин“ и „чекор кон финансиска самoodржливост“.

Според него, моментот кога е покрената истрагата е уште еден показател за бавноста и нефункционалноста на италијанската бирократија.

Сличен став изрази и градоначалникот на Милано, Џузепе Сала.

„Сè направивме по пропис, со почитување на сите правила. Откако се појави интерес, тендерот беше отворен онолку колку што беше потребно“, изјави тој, бранејќи ја транспарентноста на постапката.

Истрагата е насочена кон сомнеж дека на алтернативните понудувачи не им било дозволено рамноправно учество поради необично краткиот рок за поднесување понуди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×