Скандал во Челси: Вработена украла пари, ја чека казна затвор од десет години!

by Стефан
1 минути читање

Поранешна долгогодишна административна вработена во Челси признала вина за измама тешка повеќе од 200.000 фунти (околу 230.000 евра), извршена во период од четири години.

Станува збор за 39-годишната Клер Волш, која над дваесет години работела како помошник-благајник во клубот и ја искористила својата позиција за лична финансиска добивка. За проневерената сума, еквивалентна на неделната плата на Весли Фофана (oколу 230.000евра) ѝ се заканува затворска казна до 10 години.

Волш се појави пред Прекршочниот суд во Вестминстер и призна вина за измамата што ја спроведувала од јуни 2019 до октомври 2023 година. Судиите оценија дека висината на штетата е надвор од нивните надлежности, па предметот ќе биде префрлен на Крунскиот суд во Ајлворт, каде што ќе се донесе конечната пресуда.

Клубот ги открил сомнителните финансиски активности на почетокот на 2022 година и веднаш го пријавил случајот во полицијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×