Скандал во англискиот фудбал: Судија осуден на 13 ипол години затвор!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот англиски професионален фудбалски судија, 47-годишниот Герет Викарс, е осуден на 13 и пол години затвор поради сексуално злоставување на три малолетнички, пресуди судот во Снаерсбрук.

Викарс доби затворска казна за низа тешки кривични дела поврзани со сексуално злоставување на деца, во кои биле вклучени три девојчиња на возраст од по 15 години.

Претходно, судијата призна вина по 16 точки од обвинението, меѓу кои: Сексуална комуникација со дете, состанок со дете поради сексуални намери, наведување или поттикнување на дете на сексуална активност и извршување сексуален чин со дете.

Кривичните дела траеле од ноември 2021 до октомври 2024 година, а во тој период Викарс редовно делел правда како помошник судијата на натпревари во англиските професионални фудбалски лиги.

Судот сега му изрече 13 и пол години затвор, плус дополнителни три и пол години продолжен престој во затвор. Исто така, Викарс доживотно ќе остане запишан во регистарот на сексуални престапници.

Од судиската организација во Англија соопштија дека веднаш бил суспендиран штом обвиненијата излегле во јавност и од тој момент не бил делегериан на натпреварите.

Фото: Milton Keynes RA/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×