Скандал во Англија: Германка од Ливерпул расистички навредила соиграчка, клубот ја суспендираше

by Стефан
1 минути читање

Голманката на Ливерпул, Рафаела Борггрефе, е казнета со шест натпревари суспензија од страна на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), откако е утврдено дека упатила расистички навредила нејзина соиграчка.

Спорниот коментар, според информациите, бил изречен за време на претсезонските подготовки на Ливерпул, додека екипата се подготвувала за заедничко фотографирање. Клубот веднаш спровел интерна истрага и случајот го пријавил до ФА. Поради заштита на фудбалерката, дополнителни детали за дисциплинската постапка нема да бидат објавени.

Случајот го потврди и Гарет Тејлор, тренерот на Ливерпул.

„Имаме кратко ажурирање на ситуацијата, во смисла дека ФА ја заврши својата темелна истрага. Фудбалерката е санкционирана со шест натпревари суспензија. Таа забрана веќе важеше, така што овој викенд нема да биде во конкуренција, но по тоа ќе биде достапна за настап“, изјави Тејлор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×