Скандал: Родителите на Белингам збеснале и го нападнале тренерот во тунелот од стадионот!

by Стефан
1 минути читање

Борусија Дортмунд викендов одигра реми 3-3 на гостувањето кај Сент Паули, а во овој натпревар се случил инцидент во кој бил предизвикан од новото засилување на „милионерите“, Џоб Белингам.

Братот на ѕвездата на Реал Мадирд на теренот беше само во првото полувреме, по што тренерот Нико Ковач одлучи да го замени со Нмеча, а тоа ги налутило родителите на фудбаалерот.

Родителите на Џоб биле на трибината, но кога дознале дека нивниот син нема да игра во второто полувреме ги загубиле нервите и наводно го нападнале стратегот на „милионерите“.

Повеќе информации засега нема, освен дека инцидентот се случил во тунелот од стадионот на Сент Паули. Но, како што информираат медиумите родителите на фудбалерот добиле и забрана за влез во соблекувалната.

Ќе потсетиме, Џоб Белингам летово пристигна во редовите на „милионерите“ од тимот на Сандерленд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×