Скандал на повидок: Претседателот на ФИФА под истрага поради наградата која му ја додели на Трамп

by Стефан
1 минути читање

Наградата која ФИФА ја додели за мир на американскиот претседател, Доналд Трамп на ждрепката за Светското првенство предизвика бурни реакции.

Невладината организација „FairSquare“ поднесе официјална претставка до Етичката комисија на ФИФА против претседателот Џани Инфантино, обвинувајќи го за прекршување на политичката неутралност. Во претставката е вклучено и барање за целосна истрага околу доделувањето на првата Награда за мир токму на Трамп.

Според „FairSquare“, Инфантино повеќе пати јавно ги поддржувал политичките чекори на Трамп, меѓу кои и неговите обиди за номинација за Нобелова награда за мир, како и други изјави што биле дадени во негово службено својство како прв човек на ФИФА, а не како приватно мислење.

Особено спорен момент е доделувањето на наградата за време на ждрепката за Светското првенство во Вашингтон, кога Инфантино му порача на Трамп дека секогаш може да смета на неговата поддршка. Во претставката се наведува дека тоа претставува јасно одобрување на американската надворешна политика и директно кршење на етичкиот кодекс на ФИФА.

Истрага за начинот на основање на самата награда претходно побара и организацјата „Human Rights Watch“, предупредувајќи дека недостасуваат јасни критериуми и транспарентна процедура. Од ФИФА засега нема официјален коментар, а целиот случај стана јавен преку пишувањето на „Атлетик“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×