Ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд ја повредил маскотата на клубот кога на шега ја удрил во задниот дел од главата, а таа се здобила со потрес на мозокот.
Жената која работела како маскота која го носеше името „Монбем“ тврди дека Халанд ја удрил пред натпреварот против Саутемптон поради што веднаш била пренесена во болница.
Станува збор за жена која покрај како масоката работела и во канцеларијата на Манчестер сити за продажба на билети.
Според инфомрациите на „Сан“ таа поднела и пријава во полиција против норвешкиот голгетер.
Пред полицијата таа изјавила дека била во шок од тоа што се случило додека се фотографирала како „Монбем“. На почетокот мислела дека станува збор за удар со топка.
„Сан“ пренесува и дека во Манчестер сити направиле внатрешна истрага, но не откриле ниту еден доказ.
Натпреварот против Саутемптон „граѓаните“ го играа во октомври и заврши со победа на Манчестер сити, а голот во петтата минута го постигна токму Халанд.