Скандал ја тресе Шпанија: Уапсен претседателот на фудбалската федерација

by
0 минути читање

Голем скандал го тресе шпанскиот фудбал, утрово е уапсен првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија, Анхел Марија Виља, кој на оваа функција е од 1988.

Приведен е и неговиот син Горка, како и потпретседателот за финансии на ФФШ.

Сите се товарат за финансиски криминал, односно корупција, проневера на пари, фалсификување документи и обезвреднување на имот.

Се говори дека под истрага се и два натпревари на „Црвената фурија“, од кои корист имале приведените лица.

Се работи за пријателските средби со БиХ и Јужна Кореја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани