1,K
Некогашниот фудбалер на Атлетик Билбао Хесус Емилио Диез де Миер бил уапсен во близина на Кадиз.
Според информациите тој е уапсен поради шверц на кокаин. Екс-фудбалерот бил приведен по рутинската проверка на неговото возило.
Со него тој поседувал лажни лични документи, но во станицата подоцна било утврдено за кого стаува збор.
Тој осомничен за шверц на еден тон кокаин од Аргентина во Шпанија. Како што пренесуваат медиумите го чека затворска казна од девет години.