15
Аталанта влезе како голем фаворит против Удинезе, но мечот заврши нерешено 2-2, а тимот од Бергамо можеше и да загуби бидејќи губеше со 0-2.
Резултатот беше отворен кога Кристенсен на пет минути пред крајот на првото полувреме погоди за водство на Удинезе од 1-0.
По десет минути игра во вториот дел Дејвис даде гол за предност на гостите и од 2-0.
Но, ситуацијата ја спаси Скамака кој најпрво во 75. минута го намали резултатот на 1-2, а четири минути подоцна погоди и за конечни 2-2.
Претходно Комо со 2-1 славеше на гостувањето кај Каљари и ја продолжи одличната форма.