Скалони: Татко ми и мајка ми ме учеа никогаш да не се предадам, ви благодарам за сѐ!

by
1 минути читање

Скалони успеа да ги донесе успесите на Аргентина кои Аргентинците долги години ги чекаа. Прво го освои трофејот во Копа Америка, а сега Светското првенство.

„Ако татко ми и мајка ми ме гледаат, а верувам дека гледаат. Тие ме учеа дека никогаш не треба да се предадам во било кои околности. Дури и да не победите, мора да дадете сѐ од себе. Сакам да кажам едно благодарам за сѐ“, вели Скалони.

„Се уште не сме свесни, се уште сме во еуфорија, но чувството да се биде светски шампион е фантастично. Ова е една неверојатна банда која станува сѐ помоќна и посилна кога ќе почувствува дека луѓето веруваат во неа. Неважни се сега критиките, сега е најважно сите едноставно да се радуваат и да уживаат“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани