Скалони ја повика јавноста: Да го оставиме Меси на мира

by
1 минути читање

Привремениот селекторот
на Аргентина, Лионел Скалони ја повика јавноста да го остави Лионел Меси на
мира и да не се врши притисок врз него да се врати во националниот тим на
Гаучосите.

Скалони додава
дека на Гаучосите сигурно ќе им недостасува Меси во тимот, но, за тоа може да
се разговара во иднина, кога ќе биде назначена замената за Хорхе Сампаоли.

Ни недостасува,
но мораме да го оставиме на мира, нека ужива со неговото семејство, нека ужива
во неговиот живот. Ќе видиме што ќе се случи во иднина, штом имаме проект, име
на нов селектор, ќе видиме што мисли Меси на тоа
“ рече Скалони.

Ѕвездата на
Барселона не е во комбинација за настап на контролките против Гватемала и
Колумбија, а неговата репрезентативна кариера во иднина засега се уште е
непозната.

Што се однесува
до селекторското столче на Гаучосите, таму привремено решение се Пабло Аимар и
Лионел Скалони, тие треба да го предводат тимот во првите контролни средби на
таа селекција по отказот на Сампаоли по Мундијалот во Русија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×