Новинар на „Скај Спортс“ развиваше сценарио како би можел Кристијано Роналдо да игра на Светското клупско првенство откако Ал-Наср не се пласираше таму.
Летово за првпат ќе се одржи Светското клупско првенство кое треба да се случува на секои четири години. Официјално Ал-Наср не се пласираше таму.
Новинарот на „Скај Спортс“ верува дека Роналдо силно посакува да е дел од ова првенство, затоа што тоа е ново, тој има 40 години, за наредното би имал 44 години, тогаш сигурно би бил пензиониран, па ова е неговата последна шанса.
Актуелниот договор на Роналдо со Ал-Наср завршува по крајот на оваа сезона, а ФИФА рече дека ќе има специјален трансфер-прозорец за клубовите кои ќе играат на Светското клупско првенство.
Тие ќе може да регистрираат нови фудбалери од 1 до 10 јуни, тоа е пред почетокот на шампионатот кој започнува на 14. јуни.
На Роналдо ќе му биде тешко да го преболи фактот што Меси ќе игра на ова првенство поради тоа што тие како домаќин добија место на турнирот, а тој нема. Па Португалецот ќе побара начин како и тој да биде таму.
Новинарот на „Скај Спортс“ верува дека Роналдо би можел да потпише договор со Реал Мадрид само за периодот кога ќе биде одржано Светското клупско првенство.
Двете страни би имале корист од тоа бидејќи Роналдо би бил дел од шампионатот, а Реал Мадрид би ја искористил неговата големина за маркетинг цели.
Дали е возможно вакво нешто, останува да се види.
With Al-Nassr having failed to qualify, could Cristiano Ronaldo make a shock summer move to ensure he plays at the FIFA Club World Cup?
— Sky Sports Football (@SkyFootball) March 26, 2025pic.twitter.com/geki9MrOG1