Лео Меси направи
потрес во Барселона во вторникот вечерта и како никогаш претходно „удри“ по техничкиот секретар Ерик
Абидал со објава на социјалните мрежи. Потоа следуваа гласини дека Аргентинецот
би можел летоска да замине од Камп Ноу, пет клуба се посочија како опција а
Манчестер Сити како фаворит.
Според пишувањата
на Скај Спортс Њуз, Меси има намера да остане во Барселона и покрај
недоразбирањата со Ерик Абидал. Извори блиску до играчот, за Скај Спортс Њуз брифирале
дека Лео не размислува за заминување од Камп Ноу и ќе го одработи
договорот до 2021 година.
ССН исто така
објаснува зошто Лео Меси експлодирал по интервјуто на техничкиот секретар. Тој како
капитен се почувствувал приморан да реагира и да застане во одбрана на самиот
себе и тимот, а сакал и да нагласи дека тој не ги носи одлуките во клубот.