Скај Спортс го „освежи“ рангирањето по моќ во Примера: Барди во друштво на Меси, Облак и Заза!

by
2 минути читање

Скај Спортс ја апдејтираше листата на фудбалери во однос на рангирањето по моќ во Шпанија, на истата води првата ѕвезда на Барселона,
Аргентинецот Лионел Меси, кој воедно со 9 погодоци по пет кола во Примера е прв
стрелец во тој шампионат.

Ново ремек дело на Барди од слободен удар! (ВИДЕО)

По него следи словенечкиот голман од редовите на Атлетико
Мадрид, Јан Облак кој бележи фантастичен старт во новата сезона од Примера.
Трет во рангирањето е офанзивецот на Валенсија,
Симоне Заза.

„Дали Нејмар ќе се осмелеше да го праша Барди дали може да шутира доколку играше заЛеванте?“

Водечката четворка во рангирањето ја комплетира токму
нашиот репрезентативец, 22 годишниот член на Леванте, Енис Барди кој одлично се
адаптираше во новата средина, од каде дојде ова лето од унгарски Ујпешт за сума
од 1.5 милиони евра.

Барди доби одлични оценки по неговиот настап во
синоќешната победа на Леванте над Реал Сосиедад на домашен терен со 3-0, имаше
фантастично издание „зачинето“ со мајсторски погодок од слободен удар.

Марка: Иви и Барди како Нејмар и Кавани (ФОТО)

Леванте со две победи и три ремија е петти на табелата во
Примера, засега без пораз, со освоени девет бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани