Скај Италија: Бонучи во Милан е завршена работа

by
0 минути читање

Милан и Јувентус синоќа до доцна во ноќта преговараа за трансфер на Леонардо Бонучи на „Сан Сиро“, утринава навивачите на „росонерите“ читаат позитивни вести.

Според „Скај Италија“ договорот и дефинитивно ќе се случи, а официјалната објава се очекува наскоро.

Бонучи ќе потпише пет годишен договор и ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси. 

Се очекува трансферот да биде комплетиран уште денеска за тој утре да отпатува со остатокот од тимот на подготовки во Кина.

Милан на Јувентус ќе му плати околу 40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани