Сити против Њукасл, Челси во полуфиналето на Карабао купот против градски ривал

by 24 фудбал
1 минути читање

Англиската фудбалска лига ја одржа ждрепката за полуфиналето на Карабао купот, иако во вторник допрва треба да се одигра последниот четвртфинален натпревар помеѓу Арсенал и Кристал Палас.

Пласман во полуфиналето веќе обезбедија Манчестер Сити и Њукасл, а ждрепката ги спои токму овие два тима во директна борба за место во финалето. Претходно, својот настап меѓу најдобрите четири го завери и Челси, кој ќе добие градски ривал во зависност од исходот на последниот четвртфинален дуел.

  • Двојки за полуфиналето на Карабао купот:

Њукасл – Манчестер Сити
Челси – Арсенал или Кристал Палас

Првите полуфинални средби се закажани за 12 јануари, додека реваншите ќе се играат на 2 февруари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×