162
Тотенехем минатата сезона му правеше големи проблеми на Пеп Гвардиола во Премиерлигата, но „Граѓаните“ сега лесно се справија со „Спарси“ на подготвителниот натпревар во САД.
Со убедлива игра, Манчестер Сити со погодоците на Стоунс, Стеринг и Диаз славеше со 3-0.
Покрај доброто издание на избраниците на Пеп Гвардиола, сите зборуваат и за големото промашување на Габриел Жесус кој стана хит на социјалните мрежи.
Бразилецот доби топка на пет метри, пред себе имаше празна мрежа но некако успеа да ја исрати топката неколку метри крај голот и далеку кон трибините.