Голем број на извори од „островото“ пренесуваат дека Манчестер Сити ја искористил опцијата да ја изедначи понудата на Њукасл и во своите редови да го врати голманот Џејмс Трафорд.
Манчестер Сити во 2023 година го продаде Џејмс Трафорд на Барнли во зделка вредна 14 милиони фунти плус бонуси, а сега ќе плати 27 милиони фунти за да го врати во своите редови.
Голем број на извори пренесуваат дека „граѓаните“ решиле да ја искористат клаузулата кој им давала опција да ја изедначат понудата која Барнли ќе ја добие за голманот.
Њукасл на маса ставил 27 милиони фунти, па клубот од Етихад во последен час решил да достави идентичен предлог и да го врати голманот во своите редови.
Манчестер Сити го има Едерсон како прв голман и Штефан Ортега како втора опција, па еден од нив се очекува да замине во следните месец дена.
ФОТО: X/Burnley FC