Џејми Карагер, легендата на Ливерпул, доби забрана да влезе на гостинската трибина со навивачите на Борусија Дортмунд пред дуелот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Иако маршираше со нив до „Етихад“, УЕФА и Сити го одбија неговото барање поради безбедносни причини, пренесува „Дејли мејл“. Карагер снимаше прилог за CBS Sports и сакаше да ја почувствува атмосферата меѓу германските фанови, но дозвола не доби.
На пат до стадионот пееше песни, носеше шал и запали факел, а по мечот изјави дека доживувањето било „фантастично“ и дека навивачите на Дортмунд се во одлично расположение.