Сити на Едерсон му нуди еден милион фунти месечно за да одбие преселба во Саудиска Арабија

by bojan
1 минути читање
Едерсон

Манчестер Сити ќе направи напор за да го заджи Едерсон, но ќе го продаде голманот во Саудиска Арабија доколку Бразилецот изрази желба да ја промени средината.

Подолго време се пишува дека Ал Наср сака да го донесе Едерсон во своите редови и го примамува со богата плата.

Манчестер Сити знае дека не може да им конкурира на Арапите, но ќе направи напор да го заджи голманот во своите редови.

Како што пишува Сан, на Бразилецот ќе му биде понуден нов договор и покачување на платата од 75%, доколку прифати, Едерсон ќе има плата од околу 1 милион фунти месечно.

Во случај да го одбие предлогот и да изрази желба да ја промени средината, Манчестер Сити нема да му прави никакви проблеми, и ќе седне на преговори со Ал Наср, се говори дека ќе биде потребна сума од околу 50 милиони фунти за реализација на трансферот.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани