160
Манчестер Сити сака да ангажира скапо засилување, да донесе играч по мерка на Пеп Гвардиола, но фудбалер кој не е ѕвезда.
Се работи за Елиот Андерсон од Нотингем Форест за кој Манчестер Сити треба да плати дури 115 милиони евра ако сака да го ангажира.
Андерсон во Нотингем пристигна во 2024 година за сума од 40 милиони евра од Њукасл.
Тој е играч од средниот ред на теренот, на 59 меча постигна три гола и имаше седум асистенции за англискиот тим.