Сити мора и да продава, тим од Премиер лигата им „краде“ талент!

by 24 фудбал
1 минути читање

По големите вложувања во изминатиот период и пристигнувањето на нови засилувања, Манчестер Сити е подготвен да се раздели со дел од фудбалерите, а едно од имињата што се издвојува е Оскар Боб.

Норвешкиот репрезентативец подолго време се поврзува со заминување од „Етихад“, а најновите информации велат дека кариерата би можел да ја продолжи во Лондон. Иако претходно се споменуваше Борусија Дортмунд, во моментов Фулам е во предност во трката за неговиот потпис.

Тренерот Марко Силва лично инсистирал на негов ангажман, а Фулам е подготвен да плати околу 40 милиони евра, сума која е значително повисока од понудата на германскиот клуб. Токму финансискиот аспект го прави англискиот премиерлигаш најсериозна опција.

Боб пристигна во академијата на Манчестер Сити во 2019 година од Волеренга и пред две години дебитираше кај Пеп Гвардиола, но не успеа да се наметне како стандарден првотимец. Во актуелната сезона запиша 15 настапи во сите натпреварувања и на теренот помина нешто повеќе од 700 минути.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×