Ливерпул е нов лидер на табелата откако со 2-1 го совлада Брајтон а Манчестер Сити киксна на гостувањето кај Борнмут и загуби со 2-1, изненадувачко име во топ 3 е Нотингем Форест по победата од 3-0 над Вест Хем.
Ливерпул со пресврт во вториот дел стигна до три бода против Брајтон и првото место на табелата во Премиерлигата.
Кадиоглу ги донесе гостите во предност од 0-1 во 14. минута, но во продолжението од натпреварот, во период од три минути, „црвените“ го свртеа резултатот во своја корист.
Гакпо изедначи на 1-1 во 69. минута, а Салах реализираше за 2-1 во 72. минута.
Десеткуваниот Манчестер Сити киксираше на гостувањето кај Борнмут и загуби со 2-1.
Семењо го отвори резултатот по 10 минути игра, Еванилсон зголеми на 2-0 во 64. минута, додека пак Гвардиол само го ублажи поразот во 84. минута и го постави конечниот резултат.
Нотингем Форест со 3-0 го совлада Вест Хем и ќе преноќи во топ 3 на табелата, што е големо изненадување.
Саутемптон со минимални 1-0 славеше против Евертон, а Лестер со гол во 94. минута се погрижи домаќините да немаат 100% учинок денеска, и се избори за 1-1 против Ипсвич.