Фудбалерите на Арсенал вечерва со триумфот над Брајтон го искористија ремито на Манчестер сити против Нотингем и така направија чекор напред во борбата за титула.
Манчестер сити одлично тргна и не изгледаше дека ќе видиме изненадување на „Етихад“, меѓутоа избраниците на Пеп си дозволија на двапати да испуштат предност. Семењо го отвори резултатот по половина час и тоа беше единствениот гол во првото полувреме.
Нотингем по десетина минути во второто полувреме со голот со пета на Гибс Вајт израмни на 1-1, сепак веќе во 62. минута Родри се погрижи за ново водство на својот тим. Гостите не се откажаа, а наградата стигна кога Андерсон стрелаше на 15-тина минути пред крајот.
Арсенал пак со еден гол и тоа уште во деветата минута кога погоди Сака го совлада Брајтон со 1-0.
Убедлив вечерва беше Челси кој од гостувањето кај Астон вила си замина со триумф од 4-1. Астон вила прва стигна до водство кога погоди Даглас Луиз во втората минута, сепак Челси до крајот на првиот дел со два гола на Жоао Педро направи комплетен пресврт. Во вториот дел Педро комплетираше хет-трик, а гол постигна и Палмер за конечни 4-1.
Во последниот натпревар кој се играше во терминот од 20:30 часот, Вест хем го совлада Фулам со 1-0.