Сити ја одреди цената на Артета, Гвардиола вели: Не е прв ниту последен кој заминува, во Ливерпул ни отиде главниот физиотерапевт

by
1 минути читање

Арсенал го
идентификуваше Микел Артета како главен кандидат за наслендик на Унаи Емери,
делегација на „топчиите“ беше уловена пред домот на Шпанецот во Манчестер во раните
утрински часови во понеделникот.

Се говри дека
„граѓаните“ нема да прават проблеми и бараат еден милион фунти за разделба со
Микел Артета. Пеп Гвардиола денеска ги прокоментира гласините за заминување на
неговиот помошник, вели дека не е изненаден од интересот на другите клубови и
има само пофални зборови за својот сонародник.

„Во моментов Микел
е се уште со нас, работеше на тренинзите и колку што јас сум запознаен, ќе
патува со нас во Оксфорд. Разговара со Арсенал, не знам дали нешто ќе се случи
и кога ќе се случи. Можам само да кажам дека Артета е прекрасен човек, одличен
менаџер со добра работна етика. Затоа го ангажиравме, направивме паметен потег
и воопшто не сум изненаден од интересот кој го пројавуваат другите клубови за
него“
– вели Пеп Гвардиола.

„Знаев дека ќе се
сретне со Арсенал во неделата навечер. Микел секогаш бил искрен и транспарентен
со мене“.

„Вакви работи се
случуваат, Ли Ноубс (главниот физиотерапевт) се пресели во Ливерпул, па Артета
доколку заврши во Арсенал нема да биде ниту прв, ниту последен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×