Сити испратиле делегација во Чиле за во случај да треба да го комплетираат трансферот на Санчез

by
1 минути читање

Арсенал одби 50 милиони фунти од Манчестер Сити за ангажман на Алексис Санчез, се верува дека „граѓаните“ веќе имаат доставено подобра понуда на која тешко може да се оддолее.

Според „Телеграф“, Манчестер Сити има испратено тим во Масул, Сантијаго каде Чиле ќе игра со Парагвај по само половина час откако ќе биде затворен преодниот рок. Тимот на Сити треба да ги изврши медицинските тестови и да го финализира договорот со Санчез.

Се верува дека Арсенал сака 70 милиони фунти или помала сума но да биде вклучен и Стерлинг.

Во исто време Арсенал се обидува да го договори Јулијан Дракслер од ПСЖ, па и од тие преговори може да зависи дали Санчез ќе премине во Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани