„Сити и ПСЖ ми нудеа богатство, а Флорентино Перез ме праша: Сакаш пари или слава?“

by bojan
1 минути читање

Хамес Родригез откри како бил убеден да се пресели во Реал Мадрид и покрај тоа што ПСЖ и Манчестер Сити му нуделе богатство.

Хамес Родригез уште во дресот на Порто важеше за еден од најталентираните фудбалери во својата генерација, а откако блесна на Светското првенство во 2014, интерес за неговите услуги пројавија екипи како Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Сити.

„ПСЖ и Манчестер Сити ми нудеа богатство и огрмна плата, но во еден момент ми се јави Флорентино Перез и ме праша, „Сакаш пари, или сакаш слава?“ Одговорив дека сакам слава и тој ми порача, „Тогаш работата е завршена““ – раскажува Хамес Родригез за својот трансфер во Реал Мадрид вреден околу 80 милиони евра.

„На вториот или третиот натпревар на мундијалот, Мендеш (неговиот агент) ме извести дека Реал Мадрид сака да ме ангажира но се плашеше дека ќе го изгубам фокусот. Постигнав гол против Јапонија, и уште два против Уругвај,  па се случи спротивното, јас играв уште подобро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани