Манчестер
јунајтед и Манчестер Сити се големи ривали како клубови во англиската
Премиерлига, но тие се обединија во однос на едно прашање кое очигледно дека
премногу ги мачи.
Клубовите во
Премиерлигата гласаа да се затвори преодниот рок порано од што беше до сега, па
така ако претходно се затвораше на крајот од август, од следната сезона тоа
треба да се случи точно на 9 август, што за двата гиганта од Манчестер е
прерано, а тие изразија големи несогласувања посебно од фактот што нивните
ривали во лигата гласале за оваа одлука.
Одлуката падна по
состанокот на сите 20 клубови кои се натпреваруваат во најсилниот фудбалски
шампионат во Англија кој се одржа во средата.
Проценката на
Сити и Јунајтед е дека тие се соочуваат со ризик во однос на квалитетот на тимовите,
не само нивните туку општо за сите во Англија, од причина што нема да бидат во
можност да прават трансфери во Премиерлигата, додека пак нивните ривали во
Европа, поточно оние од елитните лиги, ќе имаат простор за додатни три недели
за да прават трансфер зделки.
Само пет екипи
гласаа против овој предлог, поточно станува збор за Манчестер јунајтед,
Манчестер Сити, Кристал Палас, Свонси и Ватфорд, Барнли беше воздржан по ова
прашање.
Клубовите во
Англија ќе бидат во можност да продаваат фудбалери низ останатите клубови во
Европа, но нема да бидат во можност да ангажираат по 9 август, многумина ова
го коментираат како „фудбалски Брегзит“ за Англија.