Сити и без Халанд го освои „Еланд Роуд“, херој беше Семењо (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Манчестер Сити освои значајни три бода на гостувањето кај Лидс Јунајтед, триумфирајќи со 0-1 во 28. коло од Премиер лигата.

Решавачкиот момент се случи во судиското продолжение од првото полувреме, кога по акција на Рајан Черки и асистенција на Рајан Аит Нури, Антоан Семењо погоди од непосредна близина.

Во продолжението тимот на Пеп Гвардиола ја контролираше играта и ја сочува предноста, иако Лидс во финишот изврши силен притисок.

Со победата Сити стигна до 59 бодови и останува во трка за титулата, додека Лидс остана на 31 бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×