231
Манчестер Сити стапил во контакт со претставниците на Џанлуиџи Донарума за можен трансфер од ПСЖ на „Итихад“. Италијанскиот голман е прецртан во Париз и Премиер лигата ја гледа како најреална нова дестинација.
ПСЖ првично бара 50 милиони евра, но таа сума се смета за превисока за играч чиј договор истекува следното лето. Сити ќе се обиде да постигне пониска цена за да го донесе репрезентативецот на Италија.
Доколку трансферот се реализира, најреално е Едерсон да го напушти „Итихад“ и да се пресели во Галатасарај, клуб кој подолго време е заинтересиран за неговите услуги.