Сити го потврди трансферот на Џејмс Трафорд, Пеп Гвардиола стана првиот тренер кој потрошил 2 милијарди

by bojan
1 минути читање
Џејмс Трафорд стана 111-тото засилување во кариерата на Пеп Гвардиола

Манчестер Сити вечерва го потврдија трансферот на Џејмс Трафорд, со оваа зделка, Пеп Гвардиола стана првиот тренер во историјата кој потрошил 2 милијарда евра на засилувања.

„Граѓаните“ го вратија Џејмс Трафорд на „Етихад“, откако пред две години го продадоа на Барнли за 14 милиони фунти, сега искешираа 27 милиони за голманот повторно да го облече „синиот“ дрес.

Интересно, со оваа зделка, Пеп Гвардиола стана првиот тренер во историјата кој потрошил 2 милијарди евра на засилувања, или поточно 2,02 милијарди.

Зад него на листата е Диего Симеоне со 1,31 милијарда евра и Макс Алегри со 1,2 милијарди.

Џејмс Трафорд е засилувањето број 111 во кариерата на Пеп Гвардиола како тренер на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити.

ФОТО: X/Manchester City

Можно е и ова да ти се допаѓа

×