Сити го доби директниот дуел со Лестер за втор најдобар во Премиерлигата (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Лестер и Манчестер Сити одиграа динамичен меч, исполнет со шанси но со само еден гол.

Домаќините можеа да поведат уште во осмата минута, но ударот на Џејми Варди заврши во стативата од гостинскиот гол.

Во 62. минута Агуеро имаше шанса од пенал да му донесе водство на Сити, но неговиот удар го одбрани Шмајхел.

Агуеро беше заменет со Габриел Жесус во 77. минута, а само три минути по влегувањето Жесус по асистенција од Махрез го постигна победничкиот гол за Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×