Џанлуиџи Донарума е еден од хероите на Манчестер Сити од синоќешниот меч против Ливерпул откако во последните моменти од мечот одбрани еден исклучително тежок удар.
Мекалистер шутираше во горниот голмански десен агол, домашните навивачи веќе ја видоа топката во мрежата, но не и Донарума кој на атрактивен начин одбрани и спречи израмнување. Цел свет му оддаде признание на италијанскиот голман, но не и Рој Кин кој во својата анализа за Скај спортс само кратко искоментира.
„Тоа му е работа“, рече поранешниот ирски репрезентативец, алудирајќи на тоа дека голман од таков калибар би требало така и да брани.
Сепак, Кин го пофали Манчестер Сити за својот шампионски менталитет и нагласи дека ќе ја има психолошката предност во однос на Арсенал во финишот на сезоната кога ќе се одлучува за титулата. „Топчиите“ водат со шест разлика, но следуваат најважните месеци во Премиер лигата, а Сити многу пати покажал дека сега е најсилен.
Gianluigi Donnarumma. 🤯 pic.twitter.com/i05ex1Hfr3
— Manchester City (@ManCity) February 8, 2026