„Сите во Џенова сакаме Пандев да го обнови договорот, го чекаме со раширени раце“

by
1 минути читање

Горан Пандев
минатиот месец се прости од репрезентацијата, дуелот против Холандија за него
беше последен во националниот дрес. Тој сепак остави простор да одигра уште
една сезона во Џенова и допрва ќе решава дали комплетно ќе оди во пензија.

Младиот фудбалер
за врска на Џенова, Франческо Касата во разговор со Скај Спорт изјави дека сите
во таборот на „рособлу“ сакаат Горан Пандев да го обнови договорот и го чекаат
Македонецот со раширени раце. Тој исто така навестува дека напаѓачот планира да
одигра уште една година и да стави крај на кариерата пред полни трибини.

„Имам специјален
однос со него, Пандев ми е како татко. Фантастичен е во советувањето и помошта
на помладите играчи. За нас, тој е еден од столбовите на тимот. Сите се
надеваме дека ќе го обнови договорот, го чекаме со раширени раце“
– вели 23
годишниот Касата.

„Од она што го
слушнав, Пандев сака да одигра уште една година и да стави крај на кариерата пред
полни трибини“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×