Сите се фатија за глава за промашувањето на Нуњез, реми на Ливерпул кај Астон Вила! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Астон Вила и Ливерпул одиграа нерешени 2-2 (2-1), во рамките на 29. коло на Премиер лигата.

Резултатот на „Вила Парк“ го отвори Мохамед Салах со гол во 29. минута по асистенција на Диого Жота (0-1). Сепак, во финишот на полувремето Јури Тилеманс и Оли Воткинс режираа пресврт за домаќинот (2-1).

Во вториот дел израмнување за Ливерпул донесе Трент Александер Арнолд во 61. минута. Имаше гостинот и шанси да победи, поточно две на Дарвин Нуњез, ама тој имаше едно неверојатно промашување пред празен гол од неколку метри.

На крајот средбата заврши со делба на пленот и реми. Ливерпул е првопласиран со 61 бод на табелата, пред Арсенал кој има 53.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани