Сите очекуваа УЕФА жестоко да удри по Бугарија во борбата против расизмот, а тие им дадоа смешна казна

by
1 минути читање

УЕФА денеска ја изрече казната, а тоа е играње на само еден меч без публика, плус условна казна од уште еден натпревар пред празни трибини која ќе се активира доколку во период од две години се повтори делото.

Бугарската фудбалска федерација ќе плати и парична глоба од 80.000 евра. 

Се очекуваше Бугарија да добие жестока казна од УЕФА бидејќи мечот два пати беше прекинуван поради скандирања на расна основа кон играчите на Англија. Дополнително бугарските навивачи упатуваа нацистички поздрави.

Бугарската легенда Стоичков плачеше во емисија поради однесувањето на неговите сонародници, а веднаш беше сменет и првиот човек на фудбалската федерација во Бугарија.

Инцидентите добија многу сериозна нота, но УЕФА се реши со блага казна да се бори против расизмот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×