233
„Баварците“
синоќа со 3-0 ја совладаа Црвена ѕвезда пред своите фанови благодарејќи на два
доцни погодока. Откако Коман го отвори резултатот во 34. минута, Левандовски
искористи една грешка на одбраната на гостите за 2-0 во 80. минута а точка на
натпреварот стави Милер во првата минута од судиското надополнување.
Творец на
последниот гол е Тиаго Алкантара, кој изведе една воиграна акција од
тренинзите. Баерн Минхен доби слободен удар во опасната зона и додека сите
очекуваа удар кон голот, Шпанецот лукаво ја префрли топката преку живиот ѕид за
Милер и ги збуни играчите на Црвена звезда кои не очекуваа ваква магија од
поранешниот играч на Барса.