Сите му се смеат, му даде гол на третолигаш па прослави како Меси против Реал на Ел Класико (ФОТО)

by
1 минути читање

Бразилецот е едно
од најскапите засилувања во историјата на „карамелите“, но во првите три кола
од новата сезона во Премиерлигата се мачеше пред противничкиот гол.

Тој синоќа
конечно успеа да се запише во листата на стрелците и ја потврди победата на
Евертон против Линколн во Лига купот, и веднаш  го привлече вниманието откако реши да го
прослави голот во стилот на Лео Меси и да го покаже дресот кон публиката.

Ришарлисон со
ваквиот потег стана хит на социјалните мрежи, и фантовите си тераат мајтап со
него и му се смеат со оглед на тоа дека погодокот кој го даде беше против
третолигаш во второто коло на Лига купот, а Лео Меси фамозната прослава ја имаше на Ел Класико, против лутиот
ривал Реал Мадрид во натпревар кој значеше враќање на шансите за титулата.

Исто така,
Ришарлисон ја промаши страната на дресот, и наместо кон публиката, бројот и
презимето беа свртени кон неговото лице.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×