Со трансферите на Матајс де Лихт и Нусаир Мазрауи во Манчестер јунајтед, се продадени практично сите играчи кои пристигнаа во Баерн Минхен во сезоната 2022/23.
„Баварците“ изминативе две години поминаа низ турбулентен период, на сред сезона го променија Јулијан Нагелсман, а долго не издржжа ниту неговиот наследник Томас Тухел.
Дека биле направени многу грешки во плановите, покажува и фактот дека сите играчи, освен еден, кои Баерн Минхен ги купи во 2022/23, сега се веќе продадени.
Во сезоната 2022/23, на Алианц Арена пристигнаа Матајс Де Лихт, Садио Мане, Матис Тел, Рајан Гравенберг, Јан Зомер, Нусаир Мазрауи, Далеј Блинд и Жоао Кансело.
Од сите овие, преживеа само младиот Матис Тел. По крајот на сезоната 2022/23, Касело се врати во Манчестер Сити откако му заврши позајмицата, на Блинд му беше дозволено беспари да го напушти клубот, Мане беше продаден на Ал Наср, а Зомер напрви трансфер во Интер.
Во јануари 2024, Гравенберг беше продаден на Ливерпул, а оваа недела, Де Лихт и Мазруаи во пакет се преселија во Манчестер јунајтед.
Можеби засилувањата не се покажаа како што треба, но мала утеха е тоа што Баерн Минхен направи профит од околу 10 милиони евра.
За ангажман на сите овие фудбалери инвестираше околу 126.5 милиони евра, а доби 136.75 милиони евра од нивната продажба.
🚨 All the players Bayern signed in 2022/23 (except Mathys Tel) have already left the club:
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 14, 2024
🔼 Ins:
🇳🇱 Matthijs de Ligt (€67M)
🇸🇳 Sadio Mané (€32M)
🇳🇱 Ryan Gravenberch (€18.50M)
🇨🇭 Yann Sommer (€9M)
🇲🇦 Noussair Mazraoui (free)
🇳🇱 Daley Blind (free)
🇵🇹 João Cancelo (loan)
🔽… pic.twitter.com/bx1jauzBCv