Сите голови од денешните натпревари во ВМФЛ: Голеада во Каменица, Скопје најубедлив (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

На терените во Втората македонска фудбалска лига денеска беа одграни седум натпревари, а најинтересно беше во Каменица каде што домашната Саса и Тетекс постигнаа по три гола.

Најголемото изненадување од друга страна го приреди Охрид кој на свој терен успеа да остане непоразен во натпреварот со Брегалница и одигра 0-0.

Убедлив беше Скопје кој со победата од 4-1 над Вардар Неготино дојде до третата позиција.

Тоа реми им даде прилика на Беласица и Шкендија Арачиново со победа некој од нив да се искачи на врвот на табелата. Дербито е закажано за во терминот од 18:30 часот.

ДЕНЕШНИ РЕЗУЛТАТИ:

Детонит Плачковица – Победа 3-1

Скопје – Вардар Неготино 4-1

Големо Коњари – Кожуф 1-0

Каменица Саса – Тетекс 3-3

Охрид – Брегалница 0-0

Преспа – Новаци 0-3

Слога Виица – Осогово 0-1

Можно е и ова да ти се допаѓа

×