Попладнево се одиграа натпреварите од 29. коло на Втората македонска фудбалска лига. Во исчекување на одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ за натпреварот Кожуф – Башкими, продолжија возбудувањата кај второлигашите.
Дербито на колото го одиграа Арсими и Македонија Ѓорче Петров, а средбата во Гостивар заврши без погодоци (0-0). Победи забележаа Башкими над Детонит (3-2) и Брегалница во Охрид (0-1), додека опстанок обезбедија Новаци, Вардар Неготино и Победа.
Резултати 29. коло:
Арсими – Македонија ЃП 0-0
Башкими – Детонит 3-2
Беласица – Борец 1-1
Каменица Саса – Осогово 1-0
Новаци – Скопје 4-0
Охрид – Брегалница 0-1
Победа – Кожуф 1-2
Вардарски – Вардар Неготино 0-3
Табела: Македонија ЃП 64, Арсими 62, Башкими 60 (-1), Брегалница 58, Детонит 43, Каменица Саса 42, Охрид 42, Беласица 40, Кожуф 36 (-1), Скопје 36, Новаци 35, Вардар Неготино 35, Победа 32, Осогово 26, Борец 14, Вардарски 11.